Македонија Судот потпиша, телото на Дениса викендов ќе пристигне од Грција

Судот потпиша, телото на Дениса викендов ќе пристигне од Грција

се очекува Институтот за судска медицина да направи нова ДНК анализа

Дозволата за транспорт на телото на Дениса Маркоска, од Грција во Македонија, ќе биде издадена денеска од судот на Родос, јавува дописникот на МРТ од Атина.

Од судот за МРТ изјавиле дека судијата од Родос денеска ќе ја издаде дозволата иако, според првичните најави, телото на Маркоска требаше да пристигне во Македонија уште пред два дена.

По пристигнувањето во Македонија, се очекува Институтот за судска медицина да направи нова ДНК-анализа и обдукција на телото на почината, за што веќе е добиено овластување од Министерството за здравство, а по барање на родителите на Дениса Маркоска.