Македонија Судот му изрече на Мухамед Зекири во 30-дневен притвор

Судот му изрече на Мухамед Зекири во 30-дневен притвор

Зградата на Основен кривичен суд и Основен суд Скопје 2 | Фото: Архива на Мета

Скопскиот кривичен суд на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири му одреди 30-дневен притвор. Судија на претходна постапка вчера вечер одлучи да го прифати барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција за притвор поради опасност од бегство, можност за уништување на докази или влијание на сведоци. Зекири по судската одлука беше спроведен од судот до затворот во Шутка.

Ваквиот епилог следи откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера соопшти дека постои основано сомнение дека тој како првоосомничен, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во својство на службено лице и со тоа сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, соопштија од Обвинителството.

По ова, Зекири ја поднесе својата оставка од функцијата Генерален секретар на Владата во форма на писмо до премиерот Димитар Ковачевски.

„Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен“, напиша Зеќири.