fbpx

Мухамед Зеќири си поднесе неотповиклива оставка од позицијата Генерален секретар на Владата

-

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири си поднесе неотповилкива оставка, по отворањето на предметот за истрагата за проневера која е покрената против висок функционер во Владата на РСМ и уште двајца хрватски државјани.

Тој својата оставка ја објави на социјалната мрежа Фејсбук во форма на писмо до премиреот Димитар Ковачевски.

„Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен“, напиша Зеќири.

Затоа, како што вели тој, „како човек со личен интегритет“, поднесува неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.

„Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина“, напиша Зеќири додвајќи дека на сите институции им стои на располагање во секое време, за да ја докаже неговата невиност.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата на РСМ, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во својство на службено лице и со тоа сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, наведено е во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...