Македонија Судот ќе го оценува и обвинителниот акт против Заев за случајот „Поткуп“

Судот ќе го оценува и обвинителниот акт против Заев за случајот „Поткуп“

Совет за оцена на обвинителен акт, на скопскиот кривичен суд, на седница закажана за 1 јули, ќе го оценува обвинението за случајот „Поткуп“, во кој осомничен е лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

„Советот за оцена на обвинителен акт, кој постапува по поднесениот обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за организиран киминал и корупција против осомничениот З.З., за кривичното дело примање поткуп од член 357, став 5 од Кривичниот закон, го прифати барањето на одбраната за одржување седница, на која советот ги цени наводите наведени во приговорите против обвинителниот акт и основаноста на актот во однос на списите и на доказите приложени кон него од јавниот обвинител“, стои во соопштението на Оснвовниот суд Скопје 1.

Заев, според кривичната пријава што против него ја поднесе Министерството за внатрешни работи во март годинава, се товари дека на бизнисмен од Струмица му барал 200.000 евра за да му помогне околу приватизација на земјиште.

На 1 јуни, во скопскиот кривичен суд се одржа седница на советот за оцена на обвинителениот акт во врска со случајот „Пуч“, во кој еден од осомничените, исто така, е лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Во врска со овој предмет, Советот нема законски рок до кога треба да се произнесе по обвинението, односно дали ќе го пушти за понатамошна постапка или, пак, ќе му го врати на Обвинителството.