Свет Европа Судот го поддржи барањето за апсење на Џулијан Асанж

Судот го поддржи барањето за апсење на Џулијан Асанж

Апелациониот суд во Стокхолм го поддржа налогот за апсење на основачот на Викиликс Џулијан Асанж и воедно го отфрли неговото барање тој налог да биде укинат. Со ова се продолжува шестгодишниот судски спор.

Шведските власти за Асанж во 2010 година издадоа налог за апсење со цел тој да биде подлежен на испитување во врска со обвинувањата дека извршил силување, кој тој го негира.

За сега не се знае дали Асанж ќе се жали во шведскиот врховен суд.

Две Швеѓанки го обвинија Асанж за сексуално вознемирување, но официјална тужба против него не е покрената.

Според шведските закони, осомничените може да бидат обвинети за извршување на кривично дело откако ќе бидат испрашани.

Британскиот суд во 2011 донесе одлука за екстрадиција на Асанж во Шведска, откако засолниште побара во амбасадата на Еквадор во Лондон каде што се наоѓа моментално.