Главна секција Судот го одби барањето за притвор на еден осомничен во случајот „Трезор“

Судот го одби барањето за притвор на еден осомничен во случајот „Трезор“

Одбиено е барањето за притворање на еден осомничен во предметот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство, информираат од Основниот суд Скопје 1. Во соопштението е наведено дека судијата на претходна постапка, постапувајќи по барањето на СЈО, го отфрла предлогот како неоснован.

Попладнево, пак, Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијата на претходна постапка што треба да одлучува за мерките за претпазливост на осомничените во случајот „Трезор“.

Обвинителот од СЈО, Артан Ајро, надлежен за случајот „Трезор“, рече дека одговор на тоа зошто барале изземање на судијата ќе каже Специјалното обвинителство.

Адвокатот на осомничените, Никола Дододовски, рече дека не знае и не е надлежен да одговори зошто СЈО бара изземање на судијата.

Инаку, денеска новинарите од пладне чекаа пред судот, но никој не ги виде осомничените ниту како влегуваат, ниту како излегуваат од Кривичниот суд. На прашање до адвокатот Додовски дали неговите клиенти биле во судот, тој одоговори: „Секако“.