Македонија Судењето на Павле Богоевски одложено за 30 јануари

Судењето на Павле Богоевски одложено за 30 јануари

Основниот суд Скопје 1 денеска третпат го одложи судењето на активистот на „Шарена револиција“ и кандидат за пратеник на коалицијата предводена од СДСМ, Павле Богоевски.

Денеска судењето беше одложено по барање на Сашо Дуковски, адвокатот на обвинетиот Богоевски. Тој соопштил дека од лични причини нема да може да биде присутен на рочиштето.

Ново рочиште судот закажа за 30 јануари следната година.

На денешното закажано рочиште, првпат се појави и претставник на Државното правобранителство, а присутен беше и претставник на Министерството за култура.

Претходното рочиште, кое се одржа на 14 ноември, беше одложено затоа што адвокатот на обвинетиот побара разумен рок да го анализира доказот односно вештачењето од Бирото за судски вештачења за вредноста на предизвиканата штета врз Министерството за култура.