Македонија „Студентски пленум“: Премиерот попушти, но ние не сме наивни

„Студентски пленум“: Премиерот попушти, но ние не сме наивни

По долги часови полемика и здрава расправа по денешната средба во Владата на РМ, пленумци се сложни во ставот дека нивните очигледни аргументи го убедиле премиерот Никола Груевски во апсурдноста на сопствениот закон. Денеска тој попушти, но пленумци не се наивни, велат од „Студентски пленум“.

„Сосема е позната законската процедура: прв чекор кон укинување на закон е мораториум односно одложување на веќе донесениот. Првиот чекор ќе го сметаме за исполнет ако го видиме изгласан во собраниска процедура. Следниот е донесување на целосно нов закон. Нашата борба е студентите да бидат постојано и дирекно вклучени во неговото креирање како неодминлив и релевантен фактор. Ако тоа не се случи отвореноста и подготвеноста на нашата влада ќе бидат нелегитимни. Тие би биле обично ретерирање, одложување на револтот, страв. Во тој случај наша граѓанска должност останува бунтот“, се вели во соопштението од „Студентски пленум“.

Тие велат дека поучени од досегашната транспарентност и инклузивност, остануваат будни и дека студентскиот фронт не е затворен.