Македонија Студентите бараат донации во храна и во опрема и остануваат во автономната...

Студентите бараат донации во храна и во опрема и остануваат во автономната зона

Студентите, преку својата страница на социјалната мрежа „Фејсбук“, порачуваат дека ќе останат на Филозофски/Филолошки факултет сè додека не се исполнат сите нивни барања.

Тие на својот профил објавија повик до граѓаните, преку донации да им помогнат во нивната борба.

Студентите ќе бидат на факултетот секојдневно, така што може да се посетат во текот на целиот ден. Набргу ќе следи и алтернативниот студентски курикулум, каде сите ќе може да се информираат какви активности ќе има овие денови.

Ова се продуктите што им се потребни:

  • Вреќи за спиење
  • Плинско решо и плински боци
  • Леб и лиснати продукти
  • Продукти за правење сендвичи
  • Чаеви
  • Овошје
  • Ќеси за ѓубре
  • Пластичен прибор за јадење