Македонија Студентите му закажаа на Адеми

Студентите му закажаа на Адеми

Претставници на неформалната студентска организација „Студентски пленум“ го поканија министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на средба, на која преку директна комуникација би го изложиле нивниот став во однос на предложената реформа.
„Би сакале да ја оствариме таа средба со Вас на 28 ноември 2014 година (петок) во 12 часот, на која би присуствувале следниве претставници на „Студентски пленум“: Владимир Делов, Тихомир Јанков, Анита Цветанова и Бојан Матовски“, се вели во поканата од „Студентски пленум“.

Студентите поканата за средба до министерот ја објавија на фејсбук-странцата на „Студентски пленум“.