Галерија Студенти и средношколци маршираа против лошите реформи

Студенти и средношколци маршираа против лошите реформи

Студенти и средношколци денеска паралелно, точно напладне, ги почнаа маршевите против лошите реформи во образованието.

„Студентски пленум“ својот марш го почна од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како поддршка на средношколците кои бараат математиката да не биде задолжителен предмет на матурата.

„Средношколски пленум“, пак, протестите ги почнаа од Градски парк во Скопје. На средношколците во протестот им се приклучија и родители и наставници. Двата марша треба да се сретат пред Владата на Република Македонија, каде протестот треба да заврши.

И средношколците и студентите носат транспаренти со содржини против лошите реформи во образованието.