Македонија Студено време со снежни врнежи

Студено време со снежни врнежи

Фото: Архива на Мета.мк

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи главно од снег, освен на крајниот југоисток каде ќе бидат од дожд.

Повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови од земјава.Минималната температура ќе се движи од 9 Целзиусови степени под нулата до нула степени, додека максималните температури ќе се движат од минус два до седум Целзиусови степени.

Во Скопје и околината температурата ќе се движи од минус 6 до еден Целзиусов степен.

Во првите два дена од работната седмица ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Во среда и во четврток се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури.