Македонија Студено време со магла по котлините

Студено време со магла по котлините

Времето денеска ќе биде стабилно, со ниска утринска температура која на повеќе места ќе се спушти под минус 10 Целзиусови степени. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Претпладне, по oдделни котлини ќе има појава на магла.

Најниската температура ќе се движи до минус 12 Целзиусови степени, а највисоката ќе достигне до 5 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со температура од минус 6 до 1 Целзиусов степен. Најстудено утрово е во Берово, каде се измерени минус 16 Целзиусови степени, а најмногу снег има во Маврово, каде снежната покривка е 72 сантиметри.