Македонија Студено и ведро време на првиот ден од годината

Студено и ведро време на првиот ден од годината

На првиот ден од Новата година времето ќе биде студено и ведро со утринска температура под нулата.Во текот на денот ќе биде сончево со слаб северен ветер и со максимална температура до 9 Целзиусови степени.

Најстудено утринава е во Берово, каде се измерени минус 12 Целзиусови степени, во Крива Паланка со минус 11 Целзиусови степени и во Тетово со минус 10 Целзиусови степени.Снежна покривка има во Маврово до 10 сантимери и во Крушево до 4 сантиметри.

Во Скопје во текот на денот се очекува слично време со температурата до 5 Целзиусови степени.