Македонија Струмичани уценувале гласач дека ќе му ја укинат социјалната помош

Струмичани уценувале гласач дека ќе му ја укинат социјалната помош

На 10 декември, во 16 часот, во СВР Струмица, Г.К. (46) од Ново Село, Струмичко, пријавил повреда на слобода на определување на избирачите од страна на лицата С.М. и П.Г. од истото село.

Имено, на 5 декември, С.М. и П.Г дошле во неговиот дом и му се заканувале дека ќе му ја укинат социјалната помош и дека ќе го убијат доколку не им ја даде личната карта. Истиот се исплашил и им ја дал личната карта.

За настанот се пожалил на познаник од Струмица, кој го донел во СВР-Струмица да го пријави случајот. За настанот е запознаено Основното јавно обвинителство, Струмица. СВР Струмица презема мерки за целосно расчистување на случајот.