Свет Свет Стотина илјади лица протестираа на улиците на Каракас

Стотина илјади лица протестираа на улиците на Каракас

Стотина илјади лица учествуваат на протестниот марш против венецуелскиот претседател Николас Мадуро во главниот град на Венецуела.

Опозицијата, која го организираше најголемиот протест во последните две години, бара Мадуро да си замине од претседателската функција поради економската криза.

Истовремено, државната изборна комисија е обвинета дека го одложува одржувањето на референдумот кој би можел да доведе до скратување на мандатот на претседателот.

Мадуро, чии приврзаници исто така се собрале во голем број, ја обвини опозицијата за обид за државен удар, јавува „Би-би-си“.

Властите наведуваат дека опозицијата во акцијата, која ја опишаа како „заземање на Каракас“, не успеала да собере околу милион луѓе, што им било целта.

– Нацијата триумфираше. Сакаа да ги заплашат луѓето, но луѓето се тука. Го спречивме обидот за државен удар и за предизвикување насилства и смрт во Венецуела и во Каракас – рече Мадуро на собирот во центарот на главниот град.