Економија Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Иницијативата цели да ги заштити интересите на своите членки, но и да укаже на основните процедури и принципи на работа што мора да се почитуваат.

Архива на „Мета“

Стопанската комора на Северна Македонија вчера ја поднесе Иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на РС Македонија.

Иницијативата цели да ги заштити интересите на своите членки, но и да укаже на основните процедури и принципи на работа што мора да се почитуваат.

Комората тврди дека ова е редок позитивен пример каде целата бизнис заедница е обединета. Со неа, преку аргументиран пристап, бизнисот бара да се обезбеди гаранција на правната сигурност, како составен дел на принципот на владеење на правото што е неопходен во процесот на работењето на компаниите.

„Сакаме уште еднаш да потврдиме дека бизнисот е целосно усогласен во однос на забелешките кон Законот за данок за солидарност, кои се поддржани и од највисоките органи и тела на Комората, предводени од Клуб 100, а поддржани и од Управниот одбор, Надзорниот одбор, од Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и од другите бизнис-организации”, соопштува Стопанската комора.

Исто така ги повикуваат бизнис организации во текот на денот повторно да ја искажат поддршката за процесот на нивната веб страница.