Свет Балкан Столтенберг утре во посета на Албанија

Столтенберг утре во посета на Албанија

Од кабинетот на премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска соопштија дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, утре ќе престојува во Албанија на работна посета.

Како што пишува во соопштението, Столтенберг ќе се сретне и со претседателот Бујар Нишани, министерката за одбрана, Мими Кодели, и со шефот на дипломатијата, Дитмир Бушати.

Сè уште нема официјална информација за тоа која е целта на посетата, но медиумите во Тирана пишуваат дека причината за посетата е поврзана со меѓународната кампања за безбедност и за борба против тероризмот и Исламска држава.