Подглавна секција Столтенберг: НАТО ќе преземе поостри мерки против руски шпиони

Столтенберг: НАТО ќе преземе поостри мерки против руски шпиони

Генералниот секретар на НАТО рече дека оваа мерка е реакција на бројните примери на саботажа, кибернапади и дезинформации од страна на Русија

Фото: Архива, Влада на Република Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес најави дека алијансата ќе преземе построги мерки против руски шпиони.

„Сведоци сме на бројни примери на саботажа, обиди за палење на објекти, кибернапади и дезинформации“, рече Столтенберг, на прес-конференција во Будимпешта.

Столтенберг дополни дека оваа проблематика ќе се дискутира подоцна во денот на средбата на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Министрите ќе разговараат за кои мерки НАТО може да ги преземе, меѓу кои се заштитата на критичната поморска и кибер инфраструктура и „построги ограничувања за рускиот разузнавачки персонал низ Алијансата“, вели Столтенберг.