Свет Балкан Столтенберг: Намален е бројот на бегалци што го преминуваат Егејско Море

Столтенберг: Намален е бројот на бегалци што го преминуваат Егејско Море

Бројот на бегалци и на мигранти што го минуваат Егејско Море од Турција во Европа е значајно опаднат, благодарение на заедничките напори во решавање на мигрантската криза, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи во Анкара, Столтенберг рече дека властите мора и понатаму да се прилагодуваат затоа што криумчарите на луѓе можат во секој момент да ја сменат рутата.

Тој додаде дека мигрантската криза покажува дека мирното решение за Сирија е нужно и оти примирјето, па дури и кревко, е најдобар начин да се дојде до решение за кризата.