Најмалку две лица загинаа во поплавите во Мјанмар, а повеќе од 100.000 се раселени поради надојдената вода, која со себе однела и еден будистички храм, јавуваат медиумите, повикувајќи се на изјави на очевидци.
Нивото на водата се зголеми откако на почетокот на јули почнаа монсумските дождови.
Локалните власти и хуманитарните служби соопштија дека дел од населението се повлекло во повисоките подрачја или во будистичките манастири.
– Засега ситуацијата е под контрола, но сè зависи од временските услови. Подотвени сме да пружиме помош во поплавените подрачја затоа што поплавите се случуваат секоја година – рече Ко Ко Наинг од Министерството за социјална заштита.