Спорт Стерлинг е „Златно момче“ за 2014 година

Стерлинг е „Златно момче“ за 2014 година

За најдобар млад фудбалер на годината е прогласен 20-годишниот напаѓач на Ливерпул, Рахим Стерлинг. Тој ја доби наградата „Златно момче“, која традиционално ја доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“. Рахим беше еден од клучните фудбалери на Ливерпул за 2014 година.
– Ова е голем успех за мене, пресреќен сум, секогаш сум сонувал да играм фудбал на највисоко ниво и убаво е кога знаете дека луѓето ги препознаваат вашите квалитети – рече Стерлинг.