Економија Стечајците протестираа и бараа системско решавање на нивниот проблем

Стечајците протестираа и бараа системско решавање на нивниот проблем

Стечајците денеска протестираа пред зградата на Сојузот на синдикатите (ССМ), каде што побараа оставка од претседателот, Живко Митревски.

Според нив, тој ниту еднаш не предложил мерки до Владата со кои ќе се обесштетат.

Тие револтот го искажаа и пред Собранието, кое го сметаат за виновно за сегашнаta состојба бидејќи пратениците не донеле закон со кој ќе се реши нивната сосотојба.

Стечајците најавуваат помасовни протетси во наредниот период, така што на секои десет дена ќе блокираат институции и патишта.

Бројката на стечајци кои бараат системско решавање на својот проблем изнесува околу 4.000 луѓе.