Економија Стажот ќе може да се откупува за 2.800 денари месечно

Стажот ќе може да се откупува за 2.800 денари месечно

Собранието денеска, во рамките на 53. седница, ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за пензиско и за инвалидско осигурување со кој се овозможува откуп на стаж.

Со овие измени, на осигуреникот кој бил во работен однос, но не му е платен придонес за пензиско и за инвалидско осигурување за период до 31 декември 2008 година, му се овозможува сам да си изврши плаќање на придонесот и со тоа да оствари право од пензиското и од инвалидското осигурување.

– Ќе им помогнеме на голем број граѓани кои најчесто во периодот на транзицијата или поради затворање на компаниите поради стечај и ликвидација, не само што го изгубија работното место, туку и не им беа платени дел од придонесите за пензиско и за инвалидско осигурување за периодот во кој работеле – изјави министерот Диме Спасов, истакнувајќи дека има огромен број лица кои се соочуваат со ваков проблем.

Тие што ќе сакаат да го откупат стажот, месечно тоа би чинело околу 2.800 денари.