Економија Ставрески: За осум години исплатени се 4,6 милијарди денари за субвенции на...

Ставрески: За осум години исплатени се 4,6 милијарди денари за субвенции на лозарството

Од 2008 година досега исплатени се субвенции за поддршка на лозарството во износ од 4,6 милијарди денари, а така ќе продолжиме и во иднина, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, при посетата на Кавадарци по повод верскиот празник Свети Трифун, заштитник на лозарите.

Ставрески рече дека од дамнина е забележано дека во Македонија и во Тиквешијата се создаваат чудесно моќни вина со мириси на југот.

– Секој којшто дошол кај нас и пиел од нашето вино, рекол дека е најдоброто и највкусното вино што некогаш го пробал. Вие и вашиот труд сте заслужни за тоа и знаете дека ја имате и секогаш ќе ја имате нашата поддршка и преку субвенции и преку промоција на виното – нагласи Ставрески.

Министерот најави дека до Владата ќе биде доставен предлог за скратување на рокот во кој винарските визби ќе го исплаќаат грозјето.