Економија Ставрески: Повеќе од илјада барања дневно за откуп на дворни места

Ставрески: Повеќе од илјада барања дневно за откуп на дворни места

Граѓаните имаат голем интерес за откуп на дворните места. Рокот за поднесување на барањата истекува на 15 овој месец. Канцелариите на Управата за имотно-правни работи ќе имаат продолжено работно време во наредните неколку работни дена. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарско прашање при денешната работна посета на Општина Василево.

– Уште неколку дена останаа до завршување на рокот за доставување барање за откуп на дворните места по цена од едно евро за еден квадратен метар. Интересот е голем. Имаме повеќе од илјада барања дневно – изјави вицепремиерот Ставрески.

Апелираше до граѓаните да ги искористат овие последни неколку дена да го откупат своето дворно место по цена од едно евро за еден квадратен метар. Тој истакна дека Управата за имотно-правни работи е подготвена да ги прими барањата од граѓаните и ќе работи до 19 часот секој ден.