Македонија Ставрески бара Шилегов да се извини

Ставрески бара Шилегов да се извини

Од Министерството за финансии реагира на прес-конференцијата на портпаролот на опозицискиот СДСМ и велат дека Петре Шилегов веќе втор ден по ред бесрамно ја замајува и ја дезинформира јавноста.

– Неколкупати Шилегов, со тенденција, го споменува вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, дека потпишал договор со фирмата-изведувач на канализациската мрежа во Прилеп. Го повикуваме господинот Шилегов јавно да го покаже документот за кој тврди дека Ставрески го потпишал. Доколку Шилегов во рок од 48 часа не се извини јавно за изречената клевета, во согласност со член 13, став 3 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и за навреда, вицепремиерот Ставрески ќе поднесе тужба за клевета – реагираат од Министерството.