Култура „Стари времиња“ по повод Светскиот ден на театарот

„Стари времиња“ по повод Светскиот ден на театарот

По повод Светскиот ден на театарот, Народниот театар од Охрид, утре од 20 часот, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе ја изведе претставата „Стари Времиња“ од Харолд Пинтер.

Претставата е во режија на Нела Витошевиќ, а играат Ирена Ристиќ, Горан Стојаноски и Јасмина Билаловиќ.

Костимографијата е на Роза Трајческа – Ристовска, сценографијата на Нела Витошевиќ, видео материјалот на Васил Христов, изборот на музика на Нела Витошевиќ, додека сценографијата ја изработи „Вуле Игор вудкрафт” од Охрид.