Економија Стапката на пораст на БДП во второто тримесечје изнесува 2,6 проценти

Стапката на пораст на БДП во второто тримесечје изнесува 2,6 проценти

Стапката на попраст на домашниот бруто-производ (БДП) за второто тримесечје од 2015 година изнесува 2,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од годинава, најголем пораст е забележан во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,8 проценти, стручни, научни и технички дејности; административни и помошни услужни дејности од 12,6 проценти, градежништво од 6,2 проценти и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 5,5 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2015 година номинално порасна за 2,4 проценти, а нејзиното учество во структурата на домашниот бруто-производ изнесува 72,3 проценти.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8,3 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2,7 проценти.