Македонија Стабилно и суво време за новогодишната ноќ, со локални слаби врнежи од...

Стабилно и суво време за новогодишната ноќ, со локални слаби врнежи од снег

Денеска се крши погачата со паричка и се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени слаби локални проврнувања од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.

Во новогодишната ноќ ќе преовладува претежно стабилно и суво време, локално се можни слаби проврнувања од снег, особено на планините. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени проврнувања на слаб снег. Максималната температура ќе достигне 6 Целзиусови степени.

Утре ќе се задржи суво и ветровито време. Од среда кон крајот на денот се очекува ново наоблачување проследено со врнежи од снег кои ќе продолжат и во четврток.