Економија ССК: Постигнатиот политички договор нема да влијае на бизнисот

ССК: Постигнатиот политички договор нема да влијае на бизнисот

Постигнатиот политички договор нема да има какво било влијание врз вработувањето или инвестициите во наредниот период.

Ова денеска го изјави претседателот на ИКТ-комората при Сојузот на стопански комори (ССК), Саша Огненовски.

– Не би можеле да прогнозираме какво ќе биде влијанието на синоќа постигнатиот политички договор. Но, дологорочноста на неговата имплементација сметаме дека ќе ги ублажи влијанијата и нема да се почувствува во бизнис-секторот. Ако беше кракторочен, секако ќе имаше влијание – истакна Огненовски пред јавната расправа за краткорочната ИКТ-стратегија за 2016-2017 година.