Свет Балкан Српското собрание ја констатираше оставката на Јанковиќ

Српското собрание ја констатираше оставката на Јанковиќ

Собранието на Србија денеска ја констатираше оставката на народниот правобранител Саша Јанковиќ.

За оставката гласаа 142 пратеници, а никој не беше против.

Јанковиќ поднесе оставка на функцијата на 7 февруари затоа што одлучи да се кандидира да претседател на Србија.

Тој на претседателските избори беше кандидат на групата граѓани „За Србија без страв“.