Свет Балкан Српските и руските безбедносни служби ја зајакнуваат соработката

Српските и руските безбедносни служби ја зајакнуваат соработката

Николај Патрушев, висок руски функционер за безбедност, кој денеска престојува во Србија, предложи идната година Русија и Србија да потпишат меморандум за соработка на полето на безбедноста.

Со овој меморандум, според Патрушев, ќе се воспостави редовна комуникација на безбедносните служби на двете земји.

На состанокот со министерите за внатрешни работи и за одбрана, Небојша Стефановиќ и Зоран Ѓорѓевиќ, како и со раководителите на службите за безбедност и полиција на Србија, Патрушев истакнал дека меморандумот не би имал правно обврзувачки карактер ниту, пак, статус на меѓународен договор, но ќе создаде услови кои се неопходни за редовни консултации кои ќе бидат од заеднички интерес.

Патрушев денеска во Белград разговарал и со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, и со шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ.