Македонија Српски државјанин низ Македонија шверцувал мигранти од Пакистан и од Иран

Српски државјанин низ Македонија шверцувал мигранти од Пакистан и од Иран

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против 36-годишниот српски државјанин Н.Х., во чие возило полицијата вчера открила 33 илегални мигранти од Пакистан и од Иран, информира МВР.

Според пријавата, српскиот државјанин се товари за криумчарење мигранти. Тој вчера, околу 18.45 часот, бил предаден во истражниот затвор „Скопје“, откако судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена.

Како што информираат од МВР, вчераутро, околу 2.40 часот, на автопатот А1, во правец Демир Капија – Неготино, полициски службеници, во товарно возило, марка „фиат дукато“, со српски регистарски ознаки, што го управувал осомничениот, откриле 32 илегални мигранти од Пакистан и еден од Иран.