Свет Балкан Српска министерка поднесе пријава поради лажен профил на „Фејсбук“

Српска министерка поднесе пријава поради лажен профил на „Фејсбук“

Српската министерка за градежништво, сообраќај и за инфраструктура, Зорана Михајловиќ, поднеле пријава против непознато лице кое на социјалната мрежа „Фејсбук“ отворило нејзин лажен профил.

Лажниот профил е отворен на 14 октомври под име „Зорана избори 2016“ и со него, како што се наведува во соопштението од српското МВР, се нанесува професионална и лична штета на потпретседателката на Владата, а корисниците на мрежата „Фејсбук“ се доведуваат во заблуда.

Михајловиќ ќе поднесе и приватна тужба против непознато лице поради повреда на честа и на угледот, стои во соопштението.