Галерија Средношколците наместија шатори пред МОН

Средношколците наместија шатори пред МОН

Средношколците добија дозвола од МВР да кампуваат пред Министерството за образование и наука и веќе почнаа со местење на шаторите.

– Почнавме со целосна подготовка за кампувањето и тука ќе бидеме 24 часа. Сакаме на институциите да им дадеме до знаење дека не можат да се откажат од средбата. Бојкотот продоложува и во средношколските клупи и ќе трае сè додека институциите не слушнат што имаме да кажеме. Ги повикуваме сите средношколци и граѓани да дојдат тука и да нè поддржат и оние што можат да ни донираат храна и пијалоци. Веќе два месеци бараме средба и ќе продолжиме да бојкотираме сè додека нашите барања не се исполнат – рече Александар Милевски од „Средношколски пленум“.

Средношколците велат дека имаат поддршка од дома и дека нивните родители ја разбираат нивната борба.

Тие од утринава се собраа пред Министерството за образование, каде ќе кампуваат и ќе чекаат министерот Абдилаќим Адеми да ги повика на разговор.