Македонија Средношколци ќе маршираат в четврток

Средношколци ќе маршираат в четврток

В четврток, во 12 часот,  ќе се одржи нов средношколски марш на скопските ученици. Маршот, како што  информираат од „Средношколски пленум“, ќе почне кај фонтаната во Градски парк, а ќе заврши пред МОН. Наслов на маршот ќе биде „Стоп за лошите реформи во средното образование“.

„Бараме да се врати стариот концепт на матура и да се стави во мирување законот за екстерно тестирање. Време е да го отфрлиме туѓото внимание бидејќи образованието ни припаѓа нам! Време е да покажеме дека нема да дозволиме да го уништат образовниот систем за нас и за идните генерации, затоа дојдете и придружете ни се“, повика „Средношколски пленум“.

На маршот е забрането истакнување партиски, религиозни и етнички симболи, секаков вид вандализам, уништување јавен имот, пропагирање вертикална структура на организирање, насилство и говор на омраза, користење алкохол, опојни дроги, оружје и пиротехника.