fbpx

Денеска средношколски протест под мотото „Борбата продолжува“

-

„Средношколски пленум“ под мотото „Борбата продолжува“ денеска ќе одржи протест против, како што велат тие, лошите реформи во образованието.

Протестот ќе започне во 12.30 часот пред фонтаната во Градски Парк по што средношколците ќе се упатат кон Министерството за образование и наука.

Средношколците бара укинување на екстерното тестирање, државната матура да се полага следните четири години по стариот концепт, а за новиот концепт да бидат рамноправно вклучени, за што минатиот месец доставија барање до МОН.

„Ние баравме различни промени, коренити, промени кои ќе го подобрат нашето образование, но тие наши очекувања се сведоа на нула, а МОН останаа глуви, неми и слепи на нашите гласови и идеи. Затоа, будење! Ве повикуваме да не почестите со вашето присуство на нашиот прв за оваа учебна година средношколски марш, во среда. Збирното место е на фонтана (Градски Парк), со почеток во 12.30 часот. Направете нешто корисно за вас, за сите нас како целина, приклучете се на толпата од моќна младина по скопските улици, и кренете го гласот против лошите реформи, бидејќи не се работи за нешто на нас туѓо, за образованието се работи“, велат од „Средношколскиот пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...