Uncategorized Средбата во Минск без напредок за решавање на кризата во Источна Украина

Средбата во Минск без напредок за решавање на кризата во Источна Украина

Контакт-групата за решавање на украинската криза вчеравечер во главниот град на Белорусија, Минск, не постигна напредок, а засега нема информации кога ќе се одржи следна рунда преговори.

Состанокот се одржа зад затворени врати, а учесниците по петчасовната средба одбија да дадат каков било коментар.
На средбата било разговарано за мерките за обезбедување стабилен прекин на огнот во Источна Украина, за повлекување на тешкото вооружување, како и за размена на воени заробеници и за достава на хуманитарна помош.

Според првичните информации, следната рунда преговори е закажана за петок, но белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека не се знае дали средбата ќе биде одржана.

Од почетокот на конфликтот во Источна Украина досега, според податоците на ОН, се убиени 5.000 цивили.