Македонија Средба Груевски – Хан: Македонија да ги елиминира и внатрешните и надворешните...

Средба Груевски – Хан: Македонија да ги елиминира и внатрешните и надворешните ризици

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за време на партиската посета на Брисел, се сретнал и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Како што јавуваат медиумите, по средбата Груевски изјавил дека на средбата со Хан, но и со другите европски политичари, се зборувало дека Македонија треба да ги елиминира надворешните и внатрешните ризици.

Поранешниот премиер вчера изјави дека посетата на Брисел е За да се санираат штетите од политичката криза во земјата, што, според него, е предизвикана од опозицискиот СДСМ.