Свет Балкан Србија распоредува војска на границите со Македонија и со Бугарија

Србија распоредува војска на границите со Македонија и со Бугарија

Околу 150 припадници на војската на Србија се распоредени на границата со Македонија и со Бугарија, а уште 200 војници се подготвени да им се придружат на постојните сили доколку има потреба за тоа, јавува телевизијата „Н1“.

Српското министерство за одбрана потврдило дека војниците веќе три дена се на границите и оти се планира во следниот период да се зголеми нивниот број. Од министерството додаваат дека уште 200 војници се подготвени да им се придружат на постојните сили на границите доколку српското МВР го побара тоа од војската.

Владата на Србија, по прогласувањето на вонредната ситуација во целата земја поради поплавите, одлучи да испрати војска на границите поради предизвиците со мигрантската криза.