Свет Балкан Србија и понатаму помеѓу земјите со висока корупција

Србија и понатаму помеѓу земјите со висока корупција

Србија, според индексот за корупција, има 42 поени и се наоѓа на 72. место од вкупно 176 земји, односно и понатаму се наоѓа помеѓу земјите со високо ниво на корупција, соопшти денеска „Транспарентност“ – Србија.

Како што се наведува во извештајот, нема значајни промени во рангирањето на Србија уште од 2008 година. Минатата година, Србија беше на 71. место со индекс 42, што е незначително подобро во однос на претходните две години, кога имаше индекс 40 и 41.

Според оценката на „Транспарентност“ – Србија, стагнацијата на Србија е предизвикана од фактот што нема суштински напредок во оваа област.

Србија е подобро рангирана од една земја која се наоѓа во Европската Унија – Бугарија, која има индекс на перцепција за корупција 41, а од соседите полошо рангирани се Босна и Херцеговина, Албанија со 39 поени и Македонија со 37 поени. За Косово се работат посебни истражувања и има 36 поени.