Ekonomi 30 милиони евра долгови на граѓаните се отпишани

30 милиони евра долгови на граѓаните се отпишани

Долгови на граѓаните во вредност од 30 милиони евра се отпишани, изјави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на Охрид.

Државата презема да ги отплати, во договор со субјектите што им ги отпишаа долговите на граѓаните.

– За време на европската должничка криза и на светската глобална криза, сите имавме проблеми. Меѓутоа најранливите категории на граѓани имаа најмногу проблеми и многу од нив ги зголемија личните долгови. Затоа пред изборите излеговме со ветување и со проект дека ќе им овозможиме отпис на долговите по различни основи на различни категории граѓани, кои беа детално напишани и во нашата предизборна програма и потоа пресликани во законите – изјави Груевски.