Свет Европа Спречен терористички напад во Москва планиран за утре

Спречен терористички напад во Москва планиран за утре

Двајца мажи се уапсени под сомневање дека планирале терористички напад во Москва на 1 септември, соопшти руската Федерална служба за безбедност.

ФСБ соопшти дека станува збора за припадници на Исламска држава, од кои еден планирал да се разнесе со бомба на прометно место во Москва.

„Многу силна импровизирана експлозивна направа, како и делови за нејзино правење се пронајдени во стан во кој е уапсен мажот“, наведе службата, без притоа да соопшти каде и кога се случило апсењето.

Другиот уапсен наводно панирал напад со нож.