Хроника Спречен шверц на цигари и на мобилни телефони

Спречен шверц на цигари и на мобилни телефони

Девет штеки цигари со албански акцизни маркички се откриени при контрола на автомобил, управуван од албански државјанин, на граничниот премин Ќафасан.

Цигарите се пронајдени во страничните празнини на багажниот простор и под резервната гума на возилото. Тие се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка.

Истовремено, три нови мобилни телефони „ајфон 6С“ се откриени од мобилните царински тимови при контрола на автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на истиот граничниот премин.

Мобилните телефони се пронајдени во патна торба, помеѓу личните работи на патник во возилото, исто така македонски државјанин.