Македонија Спој во електричната инсталација, причина за пожарот во зградата на Владата!?

Спој во електричната инсталација, причина за пожарот во зградата на Владата!?

Пожарот избувнал додека на фасадата се изведувале градежни работи

Спој во електричната инсталација, што се случил додека се изведувале градежни работи, е првичната и неофицијална причина за пожарот што изутринава ја зафати фасадата на владината зграда, велат извори од МВР.

Денеска, полициски тимови извршија увид на местото, а по анализата и вештачењето на подигнатиот материјал, и официјално ќе се знаат причините за пожарот.

Од огнот, како што соопшти командирот на скопската противпожарна бригада, Благоја Менковски, бил зафатен дел од фасадата и електричната инсталиција, но штетата од пожарот е назначителна.

Противпожарната служба интервенираше со шест противпожарни возила и со 15 пожарникари.