Македонија Спикерот Џафери за денеска од 13 часот ја свика седницата за одложување...

Спикерот Џафери за денеска од 13 часот ја свика седницата за одложување на пописот

Фото: Министерство за правда

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери за денеска од 13 часот ја свика 38. пленарна седница, со која треба да се одложи спроведувањето на пописот од април во септември годинава.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на денешната седница ќе се разгледуваат две точки – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година по скратена постапка и предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка.

За овие две точки беше постигнат компромис меѓу власта и опозицијата по понеделничката средба на лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски.