Македонија Специјалците на готовс кај Собранието

Специјалците на готовс кај Собранието

Додека во Собранието попладнево пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се договараат, зградата на законодавниот дом е под засилено обезбедување, а на паркиралиштето кај Дом на АРМ во готовност се и педесетина припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) со автоматско оружје, кациги и со штитови.

На паркиралиштето има две полициски оклопни возила и десетина „лендровери“, „марица“ и полициски минибуси. Од предната страна на Собранието, освен новинарските екипи и оградите за демонстранти, присуството на полицијата е малку забележливо, ако се изземе засилувањето пред стражарската куќичка од двајца полицијци со панцири, кациги и со автоматски пушки. Настрана, кон влезот од страната кај Дом на АРМ, веќе има два-три „лендровери“ со десетина припадници на ЕБР, кои се без автоматско оружје.