Македонија Специјалното обвинителство бара итно да се донесе законот за јавнообвинителска служба

Специјалното обвинителство бара итно да се донесе законот за јавнообвинителска служба

Загриженост за одолжувањето на процесот на носење на законот за јавнообвинителска служба денеска изрази Специјалното јавно обвинителство. Според соопштението, без законот, функционирањето на Специјалното јавно обвинителство ќе биде значително отежнато од причина што стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување на работите и се еднакво неопходни како и јавните обвинители. Од обвинителството апелираат до надлежните институции ургентно да го донесат законот.

Од обвинителството посочуваат и дека секој што поседува материјали од незаконско следење на комуникации е должен да им ги предаде, во согласност со законот. Единствено од политичката партија СДСМ, како што е наведено, доставено е писмено известување во кое е изразена подготвеност за достава на материјалите што ги поседува партијата.