Македонија Специјални претставници на ПС на ОБСЕ денеска на посета во Скопје

Специјални претставници на ПС на ОБСЕ денеска на посета во Скопје

Роберто Батели и Андреас Нотеле, специјални претставници на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), денеска во Скопје ќе се сретнат со високи македонски државни претставници, како и со лидерите на најголемите политички партии.

Батели, кој е специјален претставник на ПС на ОБСЕ за Југоисточна Европа, и амбасадорот Нотеле, специјален претставник во Виена, ќе имаат средби со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ, Али Ахмети, и на СДСМ, Зоран Заев.

Специјалните претставници на ОБСЕ во Собранието ќе имаат средба и со членовите на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ.